Викторијански резервоар за гориво во Кингс Крос во Лондон е претворен во кружен парк како дел од програмата за развој на овој дел од градот. Автор на проектот е лондонското студио Bell Philips, пишува dezeen.
Стариот резервоар, чија цилиндрична конструкција стана рамка на зеленило, е изграден во 1850 година и бил во употреба до 2000 година. Архитектите со комбинација на старото и новото направија пријатно место за одмор за жителите на населбата.