Цементарница Усје работеше со добивка од над 809 милиони денари за девет месеци

40

titan-cementarnica-580x183

Цементарница Усје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа добивка од 809.489.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

За деветте месеци од 2014 година, Усје оствари добивка од 1.248.733.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите девет месеци од 2015 година, достигнаа 2.969.535.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 2.124.491.000 денари, додека на странски пазари се остварени 845.044.000 денари.