Дебарски бањи Цапа во првите девет месеци од 2015 година работеше со добивка од 12.680.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во период од први јануари до 30-ти септември минатата година, компанијата прикажа добивка од 23.166.000 денари.
Вкупните приходи од продажба за девет месеци од оваа година достигнаа 99.505.000 денари, додека истиот период лани тие беа на ниво од 97.900.000 денари.