Креаторите на Talking Tom повторно први на листата најбогати Словенци

25

login-554x370

Втора година по ред, најбогати Словенци се брачниот пар Иза и Само Логин, основачи на Outfit7, компанија што се занимава со развој на мобилни апликации. Оваа година нивното богатство се проценува на 855 милиони евра, за разлика од лани, кога изнесуваше 617 милиони евра. Компанијата која стои зад популарната апликација Talking Tom, има седиште во Лондон и канцеларии во Љубљана, на Кипар, во Јужна Кореја и во Пало Алто, Калифорнија, пишува словенечко Дело.

tom

Според листата на најбогати Словенци на магазинот Manager, на второ место е Санди Чешко, основач на компанијата Студио Модерна, чие богатсво се проценува на 271 милиони евра, што е за 31% помалку за разлика од лани.

На третото место на листата e уште еден милионер од Outfit7, Марко Пистотник, со богатство од 260 милиони евра, за 35% повеќе од лани.

Имотот на стоте најбогати Словенци вреди вкупно 4,6 милијарди евра, што е за 3,3% повеќе од минатата година.