Бизнис делегација, предводена од претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, учествуваат на петтиот Економско – трговски форум на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) што се одржува во Суџоу, Кина, пишува Миа.
Целта на Форумот, на кој учествуваат над 1.000 компании од Народна Република Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа, премиери, државни владини претставници, делегации на највисоко ниво, претставници на агенции за унапредување на трговијата и на деловниот сектор, е унапредување на соработката на НР Кина и земјите од ЦИЕ.