Фото: Pixabay
Чоколада во форма на пилула, која што е здрава и не содржи калории во себе, ќе се грижи за здравјето на срцето, пишува Independent.uk.
Екстрактот од какаото – флаванол, според голем број научни истражувања ја подобрува циркулацијата и помага срцето да биде здраво. Водечките светски производители на слатки сакаат да го искористат овој екстракт за производство на додатоци во исхраната коишто во себе содржат флаванол.
Овие пилули добија одобрение од европските здравствени власти, коишто сметаат дека таблетите со овој додаток на какаото ќе го зачуваат здравјето на срцето.
За да може да се внесат 200 милиграми флаванол во организмот, еден човек треба да изеде околу два реда темно чоколадо, што е околу 350 калории и 20 грама масти. Истата количина флаванол ќе се внесе доколку се изедат четири реда млечно чоколадо, што е околу 900 калории и 50 грама масти.