Анета Пешева прогласена за најпочитувана жена на 21-от век за достигнувања од областа на ИТ бизнис технологии

65

12308527_881546241913811_2422705982134492551_n

Во Бели Двор на имотот на кралското семејство Караѓорѓевиќ на 27.11.2015 во Белград се одржа традиционалната годишна манифестација “Најпочитувана и најомилена жена на 21-от век“, каде во различни општествени и професионални категории се наградени препознатливи жени за своите високи достигнувања од Србија и регионот.

На оваа манифестација, Анета Антова Пешева, основач на групацијата Ултра -Унет ДОО Скопје се закити со титулата најпочитувана жена за своите достигнувања од областа на ИТ бизнис технологии. Привилегијата на оваа титула е од национално и општествено значење, земајќи предвид дека Пешева е лидер на македонска компанија која успешно работи веќе 27 години. Покрај бизнис достигнувањата, Пешева е истакнат активист во полето на женското лидерство, иницијатор на бројни проекти од општествено – социјален карактер и чинител на филантропски кампањи наменети за ранливи и социјално загрозени деца.

Оваа манифестација е организирана од агенцијата Аирли Ниво од Србија, предводена од Слаѓана Обрадовиќ Петровиќ, која препознава дела и проекти на жени од регионот од областа на: медицината, туризмот, бизнис, естетиката, уметноста, културата, јавните дејности, новинарството. Покрај Анета Пешева, во останатите категории наградени беа и околу 20-тина жени од регионот меѓу кои: Мира Бањац, Билјана Обрадовиќ, Весна де Винца, Неда Украден, Ана Бекута, Ана Књажовиќ – Мијаловиќ, Сузана Манчиќ, Јасмина Трумбетас Петровиќ и други.