Швајцарскиот производител на часовници, Swatch, во соработка со Visa Europe, направија заеднички проект за бесконтактно плаќање преку новата линија на часовници Swatch Bellamy.
“Плати со зглоб“ е функција што е вградена во оваа нова линија на часовници. Користена е NFC технологија, којашто функционира преку радиобранови на високи фреквенции со коишто се поврзуваат и комуницираат електронски уреди на меѓусебна оддалеченост од 10 сантиметри. Вградениот NFC чип не ја користи енергијата од часовникот и нема да влијае на векот на траење на батеријата.
На почетокот на следната година Swatch Bellamy часовниците ќе бидат достапни во САД, Швајцарија и Бразил, а подоцна се очекува да се користат секаде каде што се користат Visa картичките и каде постои можност за употреба на NFC технологијата.
Овие часовници од октомври оваа година се достапни на кинескиот пазар, каде се продаваат по цена од околу 90 долари.