Советот на странски инвеститори при СКМ ќе ги презентира резултатите и проекциите за македонската економија

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ќе ги презентира последните извештаи за резултатите и проекциите за развој на македонската економија, пишува Миа.

Ќе зборуваат претседателот на Советот Штефан Петер, претставникот на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје Патрик Житон и претставникот од Канцеларијата на Светска банка Бојан Шимбов.