Со најдобра понуда во мобилната телефонија со супер брз мобилен интернет, најдобра конвергентна понуда со супериорна оптичка мрежа со стабилен интернет и гигабитни брзини, со најатрактивна понуда од најсовремени телефони по пристапни цени и врвна корисничка услуга, А1 Македонија одбележува четири години од влезот на А1 брендот на телекомуникацискиот пазар во земјава.
“Во текот на овие 4 години А1 брендот стана посакувана дестинација за сите корисници кои сакаат уште повеќе вредност, непречена комуникација и нови технологии. Иако се соочивме со предизвици од глобални размери кои имаа влијание и на корисниците и на нас како компанија, сепак ова беше време на големи успеси за А1 со целосна посветеност кон поттикнување на дигиталниот начин на живеење, модернизирање и усовршување на нашата мобилна и оптичка мрежа обезбедувајќи супериорно корисничко искуство, најсовремени дигитални решенија и стабилен квалитет”, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија и нагласи: „Се што направивме досега за корисниците и за пазарот е доволна гаранција дека А1 Македонија и понатаму ќе продолжи уште поинтензивно да им го овозможува на корисниците најповолното, најквалитетното и најиновативното од светот на телекомуникациите“, изјави Мирчев.
За четири години од објавувањето на А1 брендот на македонскиот пазар, А1 Македонија на располагање стави низа дигитални алатки, почнувајќи од апликацијата Мојот А1, ја лансира единствена виртуелна продавница А1 Live Shop, го надгради првиот четбот базиран на вештачка интелигенција “Славчо”. Со лансирање на најголемата иновација во телекомуникацискиот сегмент – 5G мрежата која носи гигабитен интернет, А1 инвестира во иднината, а со збогатување на портфолиото со осигурителни услуги за корисниците, А1 прерасна во компанија каде може да се обезбедат потребни услуги за модерно и едноставно секојдневие. Свесни за потребата на компаниите за стабилност во поврзувањето и неограничена комуникација за водење на своите бизниси, A1 Македонија го стави на располагање A1 Business Pro-тарифно портфолио кое нуди флексибилност во комуникацијата и поврзаност преку најбрзата мобилна мрежа и можност за користење на супер брз интернет преку 5G мрежата на А1. Свесни за ризиците поврзани со сајбер заканите, A1 посветено работи на обезбедување пристап до најдобрите можни решенија за сајбер заштита на бизнисите што го докажа преку постојано проширување на своето портфолио со услуги за сајбер безбедност кои стануваат се поважни во дигиталното секојдневие.
Покрај интензивните вложувања во развојот на мрежата, технологијата и бизнис сегментот, А1 вложува и во реализација на општествено корисни проекти од областа на заштитата на животната средина и едукација на младите преку програмите “Интернетот не е само игра…Кликај безбедно” и “А1 Academy” за учење на новите дигитални вештини и постигнување личен и професинален раст и развој.
“Во годините што се пред нас продолжуваме со интензивните вложувања во зголемување на капацитетот на нашата мобилна и оптичка мрежа и унапредување на нејзиниот капацитет, како и со вложувањата во нашите вработени и во зедницата. Довербата и задоволството од страна на нашите корисници, како од резидентниот така и од деловниот сегмент, од сите соработници и општеството во целина останува постојана инспирација за нас во А1”, заклучи Мирчев.
Оттука, А1 Македонија со огромно задоволство ја најавува новата септемвриска понуда креирана да ги пресретне потребите на своите корисници. Имено, со избор на најпопуларната комбинација А1 Combo M корисниците на мобилните услуги добиваат неограничена комуникација на 5G, ексклузивна можност на користење на A1 Net Sef и опциите за размена, како и можност за бесплатно активирање на осигурување на екран 3 месеци додека на фиксната оптичка мрежа гигабитна брзина по цена од 499 денари месечно и бесплатно активирање на дополнителни ТВ пакети по желба на корисникот. Се ова со можност за набавка на Iphone 14 за месечна претплата од 1599 денари.
А1 воведува новини и за корисниците во бизнис сегментот преку воведување на поголем избор и повеќе вредност во тарифните модели за мобилните и фиксните услуги. Со септемвриската понуда корисниците ќе имаат можност да ја искористат збогатената понуда на пакет по избор за мобилните линии на Mobile Business Pro портфолиото, да сурфаат безгрижно на супериорната 5G мрежа со вклучените поголеми дата пакети, да ја тестираат моќта на оптичката мрежа на А1 со промотивните гигабитни пакети и да добијат беспрекорно WiFi покривање на канцелариските простории.
Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакет, корисниците добиваат дополнителни поволности во облик на поголеми попусти и поголеми буџети за набавка на уреди, кои во целост ги задоволуваат сите потреби на една современа компанија.