Во Србија само 2% од стопанските субјекти или 1.208 фирми ги задоволуваат критериумите за добивање сертификат ААА врвен бонитет, кој е многу значаен за работење на пазарите на Европската унија, беше кажано на конференцијата на најголемиот европски провајдер на деловни и бонитетни информации, шведската компанија Bisnode AB, јавува Танјуг.
За да добијат најголем рејтинг ААА, компаниите треба да имаат најмалку 43.710 евра промет годишно, капитал од најмалку 8.742 евра, да постојат најмалку пет години и да остваруваат најмалку 2% профит годишно. За да добијат рејтинг АА, мора да имаат 17.480 евра приходи годишно, профит од најмалку 1%, а такви фирми во Србија има 2.219.
Од вкупно 350.000 регистрирани фирми, во блокада се околу 1.800 и тоа најмногу поради несолвентност. Според структурата, во Србија работат преку 60% претприемачи, 30% средни претпријатија, а остатокот се големи и јавни претпријатија.