Мобилната платформа Abi што на корисниците им овозможува на брз начин да дојдат до совети од афирмирани лекари специјалисти, без потреба физички да се посетува ординација или претходно да се договара преглед, е достапна во Хрватска, пишува Bug.
Оваа дигитална услуга е поддржана од вештачка интелигенција што ги спојува корисниците со лекари меродавни за одредена област. Корисниците преку вообичаени апликации за размена на пораки (Facebook messenger, Viber, Skype) мора да се обратат со било каков здравствен проблем кој не бара физички преглед, а лекарите ќе одговорат во најкраток временски период.
“Идејата за Abi настана многу спонтано. Се преселивме во Барселона и една ноќ на мојот син не му беше добро и се обратив на мојот пријател лекар за совет. На мојот син за брзо време му беше добро без потреба да оди на лекар. Размислував како можам да им помогнам на други во ситуација кога не се сигурни дали треба да одат на лекар или не и така дојдов на идеја за оваа платформа“, изјави Ким Фредрик Шнајдер, претседател на Управата на компанијата Abi Global Health на претставувањето во Загреб.
Во овој момент во Abi се вмрежени 30-тина лекари од Хрватска, кои досега одговориле на повеќе од 1.500 прашања. Корисници, најчесто, се студенти, млади родители и лица над 50 години.