Access – монтажен мост за итни ситуации

36

simeon-ortmuler-most

Фото: Behance

Индустрискиот дизајнер Симеон Ортмула го претстави Access, мобилен монтажен мост за различни итни ситуации, пишува Design Boom.

Станува збор за пренослив механизам што лесно и брзо се поставува на места каде што има недостиг од инфраструктура, а се прилагодува на различни топографски средини и го олеснува преминувањето на било која река или друга водена површина.

Access претставува конструкција направена од алуминиумска рамка, којашто лесно се собира. Крајните точки се закопуваат длабоко во земјата, за да се добие потребната стабилност при поминување низ реката. Стабилност обезбедуваат и две јажиња, а внатрешноста на подвижниот мост се полни со компримиран воздух.