АЦВ прослави 15 години членство во Евроконтрол

34

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија во седиштето на Европската агенција за безбедност во воздушната навигација (Евроконтрол) во Брисел прослави 15 години членство во оваа европска агенција.

Директорот на Евроконтрол, Френк Бренер и директорот на АЦВ, Дејан Мојсоски, информираа дека меѓусебната соработка и понатаму ќе остане на високо ниво, бидејќи нивен заеднички предизвик и обврска е да бидат инволвирани во остварување на успешен и безбеден сообраќај.
Директорот на АЦВ, Мојсоски, посочи дека Македонија доби значајно признание од 40-те земји-членки за исполнување на стандардите во односн на воздушниот транспорт.
“Со отворањето на небото над Косово, очекуваме зголемување од 20% на бројот на прелети што ќе придонесе за намалување на цените во воздушниот транспорт”, рече Мојсоски.