АД Европа со пад на добивката за 36,5% во 2013 година

23

mkd-22853 Европа АД Скопје за периодот јануари-декември 2013 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот Биланс на успех, според податоците објавени на Македонската берза.

Во 2013 година остварена е нето добивка на износ од 24.633.235 денари или 400.540 евра и е намалена за 36,5% во однос на нето добивката од 2012 година.

Вкупните приходи остварени во 2013 година изнесуваат 764.864.454 денари и се намалени за 1% во споредба со 2012 година.
Намалувањето на приходите за еден индексен поен произлегува од значителното намалување на останатите приходи за 52%. Приходите од продажбата на готови производи на домашен пазар зголемена е за 13%, а додека приходите од странски пазар намалени се за 3%.