АД Славеј прокнижи добивка од 9,5 милиони денари

11

presmetki

Центарот за ортотика и протетика АД Славеј оствари добивка од 9.506.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажуваат податоците од билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата остварила добивка во висина од 16.312.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на АД Славеј во првите девет месеци од оваа година изнесуваат 132.718.000 денари, додека во истиот период лани изнесуваат 128.017.000 денари.