Аџибедем Систина отвори Центар за онкологија и радиотерапија

103

dsc_0061 Најсовремен центар за онкологија и радиотерапија, инвестиција од 12 милиони евра, денеска е отворен во Клиничката болница Аџибедем Систина.
Центарот е опремен со најмоќниот апарат за радиотерапија Trilogy, како и со акцелератор Clinac. Во овој Центар, за прв пат пациентот со рак може да има целосен третман, од дијагностика, до хирургија, онколошки третман и радиотерапија.
Специјалистот по онкологија и радиотерапија, Бану Аталар, посочи дека прецизноста на Trilogy овозможува да се одделат здравите од заболените ткива со голема прецизност, а неговата сила овозможува третманите да бидат покуси, што им дава покомфорно чувство на пациентите.
Д-р Аталар додаде дека трите техники во радиотерапијата кои ги овозможува Trilogy се радиотерапија предводена од слики, радиотерапија со модулиран интензитет и стереотактична радиотерапија и радиохирургија.
Јордан Камчев, извршниот директор на Аџибедем Систина, истакна дека ваков центар се уште нема никаде на Балканот.
“Го комплетиравме и последниот сегмент од спектарот на медицински оддели и услуги. Следен наш приоритет е проширување на капацитетите на болницата. Годинава во новиот објект комплетно ќе се прошират сите оддели, ќе се отвори модерен Ургентен центар и Педијатриска болница со педијатарски ургентен центар”, рече Камчев.
Промовиран беше и ПЕТ центарот, кој е опремен со најсоверемена ПЕТ/КТ камера која може да ги пружи сите врвни нуклеарно медициски-дијагностички услуги. ПЕП центарот е сместен во склоп на Центарот за онкологија и радиотерапија.