Adidas доби кредит од 2,4 милијарди евра од германската државна банка

85

Германскиот производител на спортска опрема, Adidas доби кредит од државната развојна банка KfW во износ од 2,4 милијарди евра за да се справи со последиците од пандемијата.

“Државната банка се обврза да одобри кредит од 2,4 милијарди евра, а дополнителни 600 милиони евра кредит одобри група банки. Поради тешките последици во работењето од ширењето на коронавирусот моравме да преземеме дополнителни чекори за да обезбедиме финансиска флексибилност, стои во соопштението на Adidas.

Од Adidas порачаа дека нивните извршни директори нема да добијат краткорочни и долгорочни бонуси за оваа година.

Тие, исто така, истакнуваат дека во моментов не можат да го предвидат влијанието што пандемијата на вирусот ќе го има врз нивното работење, ниту можат да објават финансиска прогноза за 2020 година.

Фото: Pixabay