Adidas претстави паметна топка за Светското првенство во фудбал

15

topka

Фото: Adidas

На Светското првенство во фудбал, што ќе се одржи во Русија, ќе се користи паметна топка. Компанијата Adidas ја претстави топката Telstar 18 којашто е дизајнирана според оригиналниот Telstar модел, што е користен на првенство одржано во 1970 година во Мексико. Тогаш на топката за првпат се појавија црни точки за да биде видлива на црно – белите телевизори, пишува Sport Techie.

Паметната топка има вградено NFC чип (технологија што функционира преку радиобранови на високи фреквенции). Чипот овозможува интеракција со топката, а преку паметните телефони корисниците добиваат пристап до ексклузивната содржина и персонализираните информации.

Роланд Ромлер од Adidas вели дека за првпат е поставен NFC чип во топка и оваа технологија ќе го одбележи Светското првенство.

Топката ја имаат тестирано големи тимови како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и други клубови.