Adidas – успешна приказна посветена на врвни спортски резултати

487

Спортска опрема, патики, ранци, маици, часовници, очила и различни додатоци се дел од богатото портфолио на препознатливиот бренд Adidas. Германскиот производител е на лидерската позиција во Европа и втора најголема компанија за спортска опрема во светски рамки.

Историјат

adi-dassler

Почетоците на успешната приказна на Adidas започнува уште во 20-тите години од минатиот век. Адолф Ади и Рудолф Даслер во 1924 година ја основаа заедничката компанија под името Dassler Brothers Shoe Factory. Но, потоа решаваат да се одвојат и Ади на 18-ти август 1949 година ја регистрираше компанија Adidas, а неговиот брат претходно ја основаше компанија Puma. Ривалството меѓу двајцата браќа траела во текот на целиот живот.

Име и лого

adidas-novo-logo

Препознатливиот спортски бренд името го добива според името и презимето на неговиот основач – Ади Даслер. Но, постои и уште една верзија околу името поврзана со мотото: All Day I Dream About Sports, што во превод значи: Цел ден сонувам за спорт.

adidas-staro-logo

Во 1972 година, официјално беше прифатено логото на спортскиот бренд, а тоа беше детелината со три листа. Тие го симболизираат олимпискиот дух, поврзаност на три континенти, како и наследството и историјата на брендот. Во 1996 година, компанијата одлучува детелината да биде заштитен знак само на наследните производи. Од почетокот на ’96-та година, лого на компанијата се трите паралелни линии. Симболиката на линиите е во перформансите и иднината на идентитетот на Adidas. Логото ја симболизира посветеноста на компанијата за производство на висококвалитетни спортски производи за да може спортистите да остваруваат врвни резултати.

Познатите и Adidas

adidas-bekam

ФОТО: Facebook

Првата спортска опрема со брендот на Adidas е направена во 1967 година специјално за познатиот германски фудбалер Франц Бекенбауер. Во производите на Adidas уживаат голем број познати спортисти, како што се: поранешниот француски фудбалер, Зинедин Зидан, поранешниот германски репрезентативец, Микаел Балак и американската спринтерка, Алисон Феликс. Опремата на Adidas ја користат многу познати фудбалски тимови како што се: Bayern Munich, A.C. Milan, Chelsea и Real Madrid.

Факти за Adidas

13407307_1141916879164563_4087527480665726951_n

  • Седиштето на компанијата е во германската област Баварија
  • На чело на Adidas од први октомври 2016 година е Данецот Каспер Рорстед
  • Adidas ги создаде популарните ’влечки за туширање’. Овие влечки се направени по барање на германската фудбалска репрезентација во 1972 година. Тие сакале да користат посебни обувки додека се тушираат и одат во соблекувалните
  • Броење на чекорите сега како задача ја имаат многу мобилни апликации, но во 1984 година Adidas ги претстави патиките Micropacer. На ’јазикот’ на патиките бил поставен таканаречен педометар.
  • Поранешниот британски фудбалер, Дејвид Бекам, потпиша доживотен договор со Adidas во вредност од 160,8 милиони долари. Бекам е амбасадор на брендот во светски рамки.
  • Мотото на Adidas е: Impossible is Nothing
  • Во групацијата на Adidas се: Reebok, TaylorMade-Adidas, Runtastic, Five Ten Footwear и многу други.
  • Adidas направи костим за капење, дресови и патики од рециклиран отпад од океаните
  • Компанијата вклучува роботи во производството на патики
  • Adidas ги следи светските трендови во технологијата, па создаде и апликација за патики со омилената фотографија на корисникот.