За компанијата Адинг првите шест месеци од годината завршија со добивка од 8.608.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во текот на првото полугодие од 2016 година, компанијата прикажа добивка во износ од 7.683.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – јуни оваа година изнесуваа 177.640.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 134.779.000 денари, додека на пазари во странство продажбата имаше вредност од 42.861.000 денари.
Адинг е компанија што се занимава со производство и пласман на хемиски материјали за градежништво.