Адинг за девет месеци прокнижи 26,4 милиони денари

67

ading

Компанијата Адинг прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 26.435.000 денари, покажува деветмесечниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата работеше со добивка во висина од 21.361.000 денари.

Во периодот јануари – септември 2016 година, Адинг прокнижи 303.780.000 денари приходи од продажба. На домашен пазар се остварени 203.492.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 100.288.000 денари.

Адинг е компанија за производство и пласман на хемиски материјали за градежништво.