Адора инженеринг – бизнис победник во 2018 година

13

Со доволно креативност, иновативност и посветеност, сепак може да се успее

Градежната компанија Адора инженеринг, којашто 17 години е потврден бренд во високата градба, 2018 година ја заврши со евидентни бизнис успеси. Во услови на економска и политичка криза, забавен економски развој и значителен пад на учеството на градежниот сектор во националната економија, оваа компанија остана предводник на високата градба, бележејќи значителен скок во успешноста, искачувајќи се на 23-то место меѓу најуспешните компании во Република Македонија.

            Успеси кои ја одбележаа 2018 во Адора инженеринг:

  • Завршен и предаден во употреба со вселени станари е капиталниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron кој стана нов маркантен симбол на главниот град и стави препознатлив архитектонски печат на урбаната мапа на централното подрачје на современо Скопје. Продажбата во објектот, кој има 280 ултра модерни станови, во три влеза, со три подземни паркинг нивоа, се искачи на над 95 %.
  • Завршен, 100 % продаден и предаден во употреба со голем процент на вселени станари е и најновиот станбено – деловен објект Адора Diamond Garden, во атрактивната населба Тафталиџе, во Карпош, Скопје. Оваа Македонска дијамантска градина со 5,5 тони растенија од природно потекло и научно потврдено идеална микро клима и квалитет на воздухот во двата атриуми, е прогласена за најголема внатрешна градина за зелено домување во Европа. Овој нов бренд објект на Адора во 2018 доби две престижни признанија. Интернационалната награда од Светската маркетинг организација во Амстердам, за воведување на Boutique концептот на домување во Југоисточна Европа и националното признание од министерството за економија на Македонија за најдобри општествено одговорни практики, за изградба на најголемата внатрешна градина во Европа, во рамките на 12-годишниот проект за постојано усовршување  на еко домовите, во функција на изградба на зелените градови.

  • Адора наметна нов современ концепт на домување во Македонија, каде фокусот е ставен на поместување на границите на домот надвор од влезниот праг на станот, преку внимателно осмислување на сите негови естетски и функционални аспекти, креирајќи чувство на дом почнувајќи од надворешниот приод и низ целиот ентериер на колективниот станбен објект. Носејќи ги последните трендови на современата урбана архитектура во Македонија, Адора ѝ даде нова димензија на градежната индустрија и “драматично“ ги помести стандардите и границите на домашниот пазар на недвижности, нудејќи им на македонските граѓани врвен стил, дизајн, комфор и низа придобивки од квалитетното домување, по цени и услови достапни за нашиот стандард.
  • На Саемот за градежништво и недвижности 2018, Адора се претстави со уникатен, бутик штанд во стилот на зеленото домување, со своите најнови објекти Адора Flatiron, Адора Diamond Garden и Аеродром Црква 3. Адора е првата градежна компанија, којашто последните дизајн проекти ги претстави на Skopje Design Week 2018.
  • Купувачите повторно беа највисок приоритет на компанијата којашто има долга традиција на посветена грижа за своите клиенти. Во 2018-та сопствениците на нов дом од овој градежен бренд, наградно патуваа во вечниот град Рим, добија подароци комплетно опремена модерна кујна по нивен вкус со архитектонско решение за целосно внатрешно уредување на купениот дом од архитект на компанијата, а за следбениците на социјалните мрежи имаше интересни  изненадувања.

  • Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, којашто доби наградата за општествена одговорност, реализираа голем број нови проекти за поддршка на заедницата: формиран е Кик бокс клубот Работнички Адора, најмодерно опремен и отворен е истоимен тренинг центар во просториите на Адора во Карпош, Скопје, којшто е еден од најдобрите кик бокс центри на Балканот. Во остварување на спортските успеси континуирана поддршка од компанијата имаа светскиот и европски првак, кик боксерот Димитар Ѓорѓиев, европскиот шампион во брзински мотоциклизам Слободан Ивчески и маратонот Охрид Трчат. Преку хумани акции поддршка е дадена на Детската болница Козле, Домот за деца без родители 11 Октомври и Посебното основно училиште Златан Сремац во Скопје. Во 2018 објавена и промовирана е книгата Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец од Венко Андоновски, споредбена анализа на светската и македонската филантропија, преку филантропијата на Чифлиганец. Издвоените средства од компаниjата за поддршка на општеството се искачија на околу 4 милиони евра.

  • Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора го доби признанието Млад менаџер на годината на манифестацијата Маж на годината 2018.
  • Адора инженеринг го доби највисокото национално признание Македонски квалитет 2018 од претседателот на Р. М. д-р Ѓорѓе Иванов, на манифестацијата организирана од Сојузот на стопански комори на Македонија.
  • По 2018, година исполнета со големи бизнис успеси, останува да се види дали Адора инженеринг ќе успее да се надмине следниве години…