Адора инженеринг доби интернационална награда за квалитет од Клубот на глобални бизнис лидери

21

Dir Cifliganec so nagrada Paris

Адора Инженеринг, како единствена компанија од Македонија, во Париз, Франција, ја доби престижната Интернационална европска награда за квалитет од Клубот на глобалните бизнис и трговски лидери на свеченост во присуство на 150 бизнисмени од пет континенти во светот.

За генералниот директор на компанијата, Ванчо Чифлиганец, ова меѓународно признание е уште една потврда дека и светот го препозна и вреднува успешното работење на Адора Инженеринг и бизнис филозофијата на овој градежен бренд насочена кон совршенство во квалитет на глобално ниво, како суштинска основа за создавање на конкурентни производи и за освојувањето на странски пазари.

“Ова високо признание е меѓународна афирмација за компанијата и за Македонија, како и потврда за поволната бизнис клима во државата за развој на успешни бизнис приказни како што е случајот со Адора Инженеринг. За Адора Инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија, ова трето по ред интернационално признание е потврда дека сме на вистинскиот пат во развојот и мотив и натаму да применуваме иновации и најнови светски стандарди и технологии во изградбата на еко домови за висококвалитетно домување на граѓаните на Македонија“, порача Чифлиганец, кој на бизнис форумот во Париз оствари деловни контакти со бизнисмени и компании од повеќе земји во светот, кои покажаа голем интерес за соработка со Адора Инженеринг, особено по претставувањето на новата публикација и корпоративниот видео филм за компанијата на англиски јазик, со што се претстави и Македонија.

За успешната изградба на енергетски ефикасните домови А – класа, со докажана геомеханичка и асеизмичка стабилност и европски квалитет, првите честитики за Адора Инженеринг на форумот во Париз пристигнале од грчки бизнисмен, кој изјавил дека нема граници за бизнис соработка меѓу Грција и Македонија.

Наградата во Париз доделена од Клубот на глобалните бизнис лидери со 7.500 претприемачи од 95 држави во светот е трето високо меѓународно признание за Адора Инженеринг која во мај годинава од овој клуб ја доби интернационалната награда за градежништво во Мадрид, Шпанија, а во 2012 година ги доби наградите за најуспешна компанија и најуспешен менаџер од Европската Бизнис Асамблеа во Виена, Австрија.