Адора Инженеринг добитник на меѓународна награда за градежништво во Мадрид

20

adora nagrada

Градежната компанија Адора Инженеринг освои меѓународна награда за градежништво во Мадрид, Шпанија.

Наградата му беше врачена на генералниот директор Ванчо Чифлиганец од страна на еминентниот Клуб на лидерите во глобалната трговија за забележителни бизнис активности, посветена и успешна работа.

Најуспешната компанија во високоградбата во Македонија е прва и единствена градежна компанија од државата што според анализите и препораките на водечките бизнис лидери во светот, го доби ова престижно признание.

“Интернационалната награда за градежништво од Клубот на глобалните трговски лидери, за Адора Инженеринг е уште една меѓународна афирмација и потврда дека е препознаен и вреднуван квалитетот на работа на компанијата на меѓународно ниво, што претставува признание за градежниот бизнис и за Македонија. Наградата за компанијата е посебно значајна зошто доаѓа од клуб со 7.500 членови од 95 земји и се однесува на градежната дејност со која Адора Инженеринг успешно се занимава 12 години, како пионер во воведувањето и примената на иновациите за сигурно, квалитетно и економично домување“, порача Чифлиганец по примањето на наградата во Мадрид на деловниот форум, на кој учествуваа 150 претставници од 30 земји од сите континенти.

Тој оцени дека овој собир е одлична можност за интернационално презентирање на компанијата, за размена на знаења и искуства, за воспоставување нови бизнис релации и иницирање соработка со деловни субјекти од целиот свет.

Меѓународната награда за градежништво е уште едно интернационално признание за Адора Инженеринг по европските награди што за најуспешно претпријатие и најуспешен менаџер компанијата ги доби од Европската Бизнис Асамбела во 2012 година.