Адора подарува патување за двајца во Рим

52

untitledГрадежниот бренд Адора инженеринг под слоганот “Најмногу љубов на метар квадратен“, по повод Денот на вљубените, со секој купен дом од 12 до 17 февруари, подарува романтично патување за двајца со авион во вечниот град Рим.

Сите граѓани кои за празникот Свети Валентин ќе купат стан во ексклузивните објекти Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden, оваа пролет ќе одат на незаборавно патување во древниот Рим.

Со подарокот посета на Рим за купувачите на нов дом во месецот на љубовта, Адора инженеринг ја продолжува 15 годишната традиција за постојана грижа за купувачите, на кои со подароци, награди, внимание и изненадувања, сака да им возврати за дадената доверба со избор на стан од оваа компанија. Адора инженеринг и со оваа специјална понуда потврдува дека купувачите од овој градежен бренд секогаш добиваат многу повеќе од дом.