Аеродром во Цирих ќе го чистат роботи, а ќе се постават и апарати за заштитни маски

68

Аеродромот Flughafen Zürich во Цирих планира да користи роботи коишто ќе ги чистат просториите и ќе постави автомати за заштитни маски за лице. Исто така, ќе направат и дополнителни простории за патниците коишто чекаат за да не се создаваат гужви.

Сите овие новости се резултат на тоа што авиокомпаниите планираат да го зголемат бројот на летови по пандемијата.

Авиокомпании, како што се Lufthansa, Swiss international и Edelweiss Air, планираат да ги зголемат своите услуги во наредните недели бидејќи многу држави ќе ги отворат границите од наредниот месец, пишува Reuters.

Ќе бидат ангажирани и редари коишто ќе проверуваат дали се почитуваат заштитните мерки. Ќе има повеќе места на кои ќе се врши пасошка контрола. Средства за дезинфекција на рацете ќе бидат поставени на стотици места, а плексиглас паравани ќе бидат поставени на клупите за чекање.

Фото: Facebook