Аеродромите во Европа блокирани од снег

29

aerodrom

Фото: Pixabay

Аеродромите во Европа од лондонски Хитроу до Франкфурт откажаа стотици летови за викендов, а ќе се откажуваат и денес поради врнежите од снег и леден дожд на Стариот континент.

Хитроу, најзафатениот аеродром во Европа планира да откаже најмалку 10% од денешните летови, откако беа приземјени 260 авиони. Во Франкфурт беа приземјени 294, додека француските цивилни воздухопловни власти бараат да се откажат 40% од летовите на Шарл де Гол и Орли во Париз. Доцнења и откажувања има и на аеродромот во Амстердам.

Патниците затекнати на аеродромите мораа да спијат на подот на терминалите.

Во прекин е и железничкиот сообраќај во Британија, а стотици училишта во земјата се затворени.