Аеродромот Истанбул повторно на врвот по бројот на летови во Европа

23

Аеродромот Истанбул во Турција ја задржа водечката позиција со просечни 604 летови дневно во период од 8 до 14 април, објави Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај (EUROCONTROL), пренесува Агенција Анадолија.

Според најновиот извештај за летови, аеродромот Истанбул го следеа Charles de Gaulle во Париз со 478 летови и Франкфурт со 474. Аеродромот на Амстердам го зазеде четвртото место со 451 лет.

Мадридскиот аеродром Barajas е пети со 414 дневни летови, а следува аеродромот Sabiha Gokcen, уште еден аеродром во Истанбул, со 345 летови.

Меѓу десетте аеродроми кои забележаа најголем сообраќај во Европа е и лондонскиот Heathrow – 348, Palma De Mallorca 242, Минхен 233 и аеродромот во Атина 218.

Седум од 10 најдобри аеродроми во Европа забележаа пад на прометот во последните две седмици, се наведува во извештајот.

Фото: Pixabay