Аеродромот во Истанбул е најпрометниот во Европа

52

Аеродромот во Истанбул во Република Турција имал најголем број летови во Европа во периодот од 17 до 23 јули, покажуваат податоците на Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај (Евроконтрол), пренесува Анадолија.

Аеродромот имал во просек 1.472 летови дневно во текот на неделата, покажаа податоците на Еуроконтрол.

Зад него се парискиот „Шарл де Гол“ со 1.385 летови и аеродромот во Франкфурт со 1.339.