Аеродромот во Манила прогласен за најлош во светот

13

ninoy-aquino-international-airport-manilaГлавниот терминал на аеродромот Ninoy Aquino International Airport во Манила, Филипини, втора година по ред е прогласен за најлош во светот, според оценките на патниците што ги објави интернет страната sleepinginairports.net.

NAIA оваа оцена ја доби поради турканиците, нечесните службеници и такси возачи, долгите доцнења на летовите, комплицирани трансфери од еден на друг лет, валкани тоалети и простории за јадење и нељубезен персонал, јавува АФП.

Аеродромот во Манила е со капацитет од 6,5 милиони патници годишно, а минатата година низ него минале 8,1 милиони патници.

За втор најлош е оценет италијанскиот аеродром Orio al Serio во Бергамо, затоа што таму “луѓето се шетале без горна маица или боси, како да се по дома”. Трет најлош е аеродромот во Калкута (Индија), потоа аеродромот во Исламабад (Пакистан), а по нив е Beauvais–Tillé, Париз, Франција.

Најдобро рангирани се аеродромите Changi во Сингапур, Incheon – Сеул, Schiphol – Амстердам, Хонг Конг и Vantaa – Хелсинки.