Аеродромот во Сиднеј се продава за 17,5 милијарди долари

52

Аеродромот во Сиднеј денеска соопшти дека се согласил на понуда за преземање од 17,5 милијарди долари од австралиски инвестициски конзорциум само неколку дена по повторното воспоставување меѓународни патувања.

Одборот на директори на аеродромот едногласно ја одобри продажбата на Сиднеј Авиејшн Алијанс (Sydney Aviation Alliance) – конзорциум од инфраструктурни инвеститори и австралиски пензиски фондови – и препорача акционерите да гласаат „за“.

Алијансата понуди 8,75 долари по акција, или 23,6 милијарди австралиски долари (17,5 милијарди американски долари), откако претходните понуди во последните месеци беа одбиени како премногу ниски.

„Денешното соопштение е кулминација на повеќемесечниот ангажман меѓу сите страни, се вели во изјавата на претседателот на аеродромот во Сиднеј. Управниот одбор на аеродромот во Сиднеј верува дека резултатот ја одразува соодветната долгорочна вредност за аеродромот“, вели Дејвид Гонски.

Соопштението доаѓа по делумното повторно отворање на меѓународната граница на Австралија, речиси 600 дена по почетокот на едно од најтешките затворања на границите во светот поради пандемијата.