AeroMobil – летечки автомобил од 1,6 милиони долари

23

headerimg-car

Фото: AeroMobil

Словачката компанија AeroMobil го претстави својот летечки автомобил чиишто крила се собираат како кај инсектите, има хибриден мотор и  пропелер на задната страна, пишува Chicago Tribune.

Цената на летечкиот автомобил изнесува помеѓу 1,3 и 1,6 милиони долари, но за негово управување освен возачка потребна е и дозвола за пилот. Потребни се три минути автомобилот да се претвори во авион којшто има опсег од 750 километри, а за полетување потребно е да користи писта за авиони.

“Можете да го користите како обичен автомобил“, вели Јурај Вацулик, соосновач и извршен директор на компанијата.

Филип Мавби професор по електронски инженеринг и раководите на истражувачкиот центар на Универзитетот на Ворвик вели дека неколку компании работат на развивање летечки автомобили  на кои им е потребна писта.

“Технологијата е тука, но прашањето е кога овие автомобили ќе имаат прифатлива цена на пазарот“, вели Мавби.