Афлатоксинот го обедини Балканот – ќе се избира заедничка лабораторија за контрола на млекото

25

mlekoПроблемите со афлатоксини во млекото со кои се соочува целиот регион, по се изгледа ќе го обединат Балканот. Хрватска и Србија ќе им предложат на своите соседи да номинираат една лабораторија од Европската унија која ќе биде одредена како референтна установа за анализа на млекото, тврди Данило Голубовиќ, државен секретар од министерството за земјоделство на Србија. Се уште не е познато за која лабораторија станува збор, но, според неговите зборови, тоа ќе биде најверојатно лабораторија од Холандија или Австрија, пишува Новости.

“Важно е таа лабораторија да биде првокласна и да нема ниту најмалку сомнеж во нејзините анализи. Овие денови сите земји во регионот се соочуваат со ист проблем – ист примерок на млеко има различни резултати на присуство на афлатоксини во две лаборатории. Затоа министерот за земјоделство Горан Кнежевиќ ги повика ресорните министри од регионот на состанок во Белград следната недела, на кој би се одлучувало за предлогот”, вели Голубовиќ.