Aftersocks – чорапи што можат да се носат наместо чевли

Холандски претприемач креираше стилизирани женски чорапи што можат да се носат како чевли. Благодарение на заштитниот гумен слој, Aftersock придонесуваат за слободно и безбедно движење по улица, без грижа дека одењето ќе биде неудобно.

Производот има своја кампања на Kickstarter каде веќе има продадено повеќе од 3.000 пара чорапи и собрано над 60.000 илјади долари.

Планирата цена, кога Aftersock ќе излезат на пазарот, е 22 долари по пар.

Она што ги одвојува овие чорапи од останатите е PVC слојот на долниот дел од стапалото, којшто ја дава потребната заштита и цврстина за безбедно чекорење по било каква површина.

Според креаторот тие се истовремено цврсти и максимално флексибилни.

По завршетокот на кампањата Aftersock ќе се изработуваат во фабрика во Кина, каде е планирано месечно да се произведуваат 50.000 пара.

Фото: Kickstarter