Агенцијата Анадолија отвора редакција на македонски јазик

24

Турската национална новинска агенција Анадолија денеска во Скопје ќе ја промовира редакцијата на македонски јазик, пишува Миа.

На свеченото отворање ќе присуствуваат турскиот вицепремиер и Јалчин Акдоган и претседателот на Извршниот одбор и генерален директор на Анадолија Шенол Казанџи.

Со отворањето на редакцијата на македонски јазик, агенцијата Анадолија ќе продуцира вести и други прес материјали на 10 јазици.

Редакцијата на Анадолија во Скопје, покрај на македонски, ќе објавува содржини и на албански јазик.