Агенцијата за катастар нема да работи во петок

46

Агенцијата за катастар на недвижности на целата територија на Република Македонија нема да работи со странки во петок, 26 јули, заради миграција на постоечкиот електронски катастар на нова хардверска и софтверска платформа, како и инсталација на нова надградена верзија на електронскиот катастар со вклучена графика.

Новата верзија на електронскиот катастар ќе биде во функција од 29.07.2013 година и со неа покрај досегашните услуги ќе се овозможи и издавање на копија од катастарски план во електронска и хартиена форма за првите дигиталнизирани катастарски општини од надлежност на Скопскиот катастар (КО Горно Лисиче, КО Чучер и КО Орман), веднаш на шалтер како и преку е-кат шалтерот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.