Агрокор добива ново име и почнува со работа на први април

24

Фото: Агрокор

Хрватскиот концерн Агрокор доби ново име и ќе се нарекува Фортенова група, а корпоративната структура со работа започнува на први април, скоро две години од несолвентниот процес што го водеше вонредната управа, пишува Вечерњи лист.

На чело на компанијата ќе биде Oдбор на директор, што има девет членови. Од вкупно 159 компании, што се дел од концернот, низ имплементација на договорот прво ќе поминат 77 компании од Хрватска.

Дури 45 компании се несолвентни, па нивниот имот ќе биде пренесен на новите компании што ќе продолжат со работа под истото име со додатокот “плус“.

Старите компании што немаат имот ќе се приклучат кон Агрокор, а кога ќе заврши тој процес, ќе се укине постапката на вонредната управа, а Агрокор ќе се избрише од судскиот регистар со што ќе престане да постои.

Уделите на 32 солвентни компании во Хрватска ќе се пренесат на нов концерн, додека имотот и уделите на дури 82 компании што се надвор од Хрватска ќе се пренесат согласно законите на Србија, Босна и Херцеговина и Словенија.