Agrokor го продава својот имот во Србија

24

Приватниот хрватски концерн Agrokor започна со продажба на својот деловен простор во Србија, пишува B92.

Се продава земјиште, магацини и објекти со разна намена, а според српската власт законски препреки не постојат од причина што Agrokor не го продава својот бизнис туку само деловниот простор.

Подвигот дури се оценува и како поволен за Србија.

Иако концернот нема право да ја продава сопственоста над компаниите во земјата, може слободно да го продава својот имот за да дојде до свеж капитал како би ги подмирил долговите кон добавувачите, без дополнително задолжување кај банките.

Лани во декември Agrokor го продаде комплексот Mercator во Нов Белград за 46 милиони евра.