Хрватскиот Агрокор инвестирал во Србија 450 милиони евра во изминатите 10 години, изјави потпреседателот на компанијата, Анте Тодориќ.
Агрокор во Србија е сопственик на Идеја, Фриком и Дијамант. Агрокор и оваа година ќе инвестира во Србија, а моментно вработува 6.500 работници. Таа е една од најголемите компании во Србија, а годинава очекува да оствари приход од 800 милиони евра.
Од Агрокор велат дека сите нивни компании во Србија добро работат.