Агрокор продаде пет трговски објекти за 67 милиони евра

50

AgrokorАмериканскиот инвестициски фонд W. P. Carey објави вчера дека од хрватскиот прехранбен концерн Агрокор, во сопственост на Ивица Тодориќ, купил пет трговски објекти за околу 67 милиони евра, во рамки на трансакција т.н. повратен закуп (sale and lease back).

Станува збор за пет големи трговски објекти од ланецот на Конзум, од кои три се во Загреб и по еден во Задар и Сплит, кои Агрокор ќе ги земе под закуп на 20 години.

“Овој однос стана посебно важен во рамките на нашите подготовки за потенцијално голема аквизиција и ширење во регионот”, изјавил Тодориќ при потпишувањето на договорот, веројатно мислејќи на преземањето на словенечки Меркатор.

W. P. Carey годинава во Европа има инвестирано 350 милиони евра.