Агрокор воведува дронови во своето работење

35

dron 123

Хрватскиот синџир за малопродажба Агрокор ги обучува своите вработени да управуваат со дронови, пишува Пословни дневник.

“Подготовките за воведување на дронови во работата се во тек, како и обуката на пилоти за дронови. Агрокор веќе ги користи дроновите во земјоделството“, велат за Пословни дневник од компанијата и додаваат дека во тек е уште еден проект за употреба на дронови, но не откриваат повеќе детали.

На неодамнешното претставување на Конзум Клик, којшто е еден од клучните делови на проектот на Агрокор – А007, на презентацијата беше поставена слика од дрон, по што челникот на Конзум, Дарко Кнез ја објаснуваше иднината на тој бизнис.

Дронови во Хрватска произведува стартапот Хиперсфера. Но, во интеграцијата на дроновите во бизнисот вложуваат сè повеќе компании.