Агромеханика прикажа загуба од 1,6 милиони денари во првото тримесечје

13

agromehanika-300x119

Компанијата Агромеханика, од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа загуба од 1.663.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од 2016 година, компанијата работеше со загуба од 227.000 денари.

Агромеханика во текот на првото тримесечје од оваа година не остави никакви приходи од продажба, додека истиот период лани тие беа на ниво од 401.000 денари.

Компанијата се занимава со издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.