Агромеханика прокнижи добивка од 3,3 милиони денари за девет месеци

48

agromehanika-300x119

Акционерското друштво Агромеханика од Скопје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, во билансот на успех прикажа вкупна сеопфатна добивка од 3.324.000 денари.

Истиот период лани, компанијата оствари добивка од 883.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2015 година достигнаа 8.977.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 6.128.000 денари.