Агромеханика со добивка од 3,2 милиони денари во првото полугодие

25

agromehanika-300x119

Компанијата Агромеханика во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година оствари добивка од 3.273.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех.

Во истиот период лани, компанијата работеше со загуба од 400.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од оваа година се на ниво од 3.529.000 денари, додека истиот период лани беа 4.540.000 денари.