Акционерското друштво Агромеханика од први јануари до 31-ви декември минатата година прикажа загуба од 2.380.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Загубата на компанијата, истиот период во 2014 година, беше на ниво од 499.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во 2015 година изнесуваа 9.764.000 денари, додека една година претходно 16.910.000 денари.
Компанијата, според податоците од Македонска берза, се занимава со издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.