Агромеханика во првото полугодие работеше со загуба од 1,2 милиони денари

21

agromehanika-300x119

Агромеханика во првите шест месеци од оваа година работеше со загуба во висина од 1.255.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на првото полугодие од 2016 година, загубата на компанијата изнесуваше 576.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на јуни 2017 година изнесуваа 175.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 509.000 денари.

Основна дејност на компанијата е издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.