Агроплод од Ресен во 2014 работеше со загуба од 13,8 милиони денари

49

agroplod resen

Акционерското друштво Агроплод од Ресен евидентираше загуба од 13.885.000 денари, додека една година претходно загубата беше во висина од 54.319.000 денари.

Овие податоци произлегуваат од неконсолидираниот биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба на компанијата во 2014 година се во висина од 19.499.000 денари, додека една година претходно тие имаа вредност од 27.933.000 денари.