Агроплод Ресен оствари добивка од 22,3 милиони денари

276

resana

Агроплод од Ресен оствари вкупна сеопфатна добивка од 22.337.000 денари, покажува билансот на успех за период од први јануари до 30-ти септември, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 1.235.000 денари.

Вкупните приходи од продажба за девет месеци на Агроплод достигнаа 3.476.000 денари, додека истиот период лани тие беа на ниво од 15.695.000 денари.