Агроплод со загуба од 7,7 милиони денари во првите шест месеци

37

agroplod resen

Акционерското друштво Агроплод прикажа загуба од 7.774.000 денари за период од првите шест месеци од оваа година, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Компанијата во истиот период лани оствари загуба од 9.491.000 денари.

Од 01.01 до 30.06., Агроплод реализираше приходи од продажба во висина од 11.753.000 денари, додека во истиот период лани тие беа на ниво од 15.846.000 денари.